Ѓорѓиевски: Нови 60 деца ќе бидат згрижени со проширувањето на градинката „Весели цветови“
Дел од градинката „Сончоглед“ која беше дадена на користење на Центарот за социјални работи, се враќа во владеење на Општина Кисела Вода. Малиот број на деца кои го посетуваа Центарот за деца од улица, ќе бидат префрлени на друго место, а објектот по реконструкцијата што следи, ќе биде градинка која што ќе може да прими 60 деца, соопшти денеска Општина Кисела Вода.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски информира дека оваа локална самоуправа добива нови 60 места за сместување на деца во градинките.
- Конкретно, објектот „Сончоглед“ при ЈДГ „Весели цветови“ добива проширување, бидејќи го вративме просторот што беше даден на користење за Центар за деца од улица. Со оглед на тоа што тука доаѓаа мал број на деца, побаравме од Центарот за социјални работи за нив да обезбеди нова локација, а ние како општина прво овој простор ќе го реконструираме, а потоа ќе го претвориме во градинка за околу 60 дечиња. Ова е мошне значаен чекор во нашите напори да ги затвориме наследените листи на чекање на кои имаше 450 деца. Во таа насока е и целата моја досегашна работа, од која за неполни три години, колку што сум јас градоначалник, успеавме да отвориме две нови градинки и значително да ги прошириме капацитетите на постојните објекти, изјави Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека уште две градинки се во процес на изградба. Едната градинка е во фаза на изградба, а за втората се обезбедени средства и е изготвен проектот.
-Нашата општина продолжува интензивно да работи на надминување на сите предизвици и создавање дополнителен простор за упис на деца во градинка. Целосно сум сигурен дека ќе го исполнам она што го ветив и дека многу скоро целосно ќе се елиминара чекањето за место во градинка за нашите деца. Оттука, сакам искрено да се заблагодарам на Центарот за социјални работи за нивната соработка и разбирање. Нивниот позитивен одговор на барањето што им го упативме е мошне важен за реализација на нашите планови за подобрување на условите за најмладите во општината, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?