Loading Video...
Тенис
2. July 2020 - 16:11

Ѓорческа продолжува со убедливите настапи во Белград

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги продолжи настапите на турнирот во Белград. 
 
Најдобро рангирана македонска тенисерка Лина Ѓорческа потврдува дека е во одлична форма. 
 
Таа настапува на Источноевропскиот турнир што се одржува во Белград, Србија, каде и по третиот меч нема загубено сет. 
 
Ѓорќеска во рамките од 3.коло на Ц групата денеска славеше убедлива победа во два сета над Турчинката, 
Чемре Анил притоа препуштајќи и по само еден гел во обата сета односно добивајќи го мечот со 6-1 и 6-1 во меч кој траеше неполн час. 
 
Утре во дуел од последното коло во групата Ѓорческа ќе игра против Бугарката, Викторија Томова која е на 130-тото место на ВТА листата. 
 
Тоа практично ќе биде дуел за првото место во групата на тенисерките кои имаат максимален ефект досега.