Loading Video...
Тенис
9. October 2018 - 18:12

Ѓоковиќ стартуваше со победа во Шангај

Новак Ѓоковиќ продолжува со добри игри на мастерс турнирите откако на Стартот го совлада Французинот Шарди со 6-3 и 7-5 по нешто повеќе од 80 минути игра. 
Српскиот тенисер го забележа 12. Триумф во исто толку мечеви со Жереми и притоа собори еден несеккојдневен рекорд – освоени 28 сета во серија против Французинот што е најдолга низа против некој од ривалите во историјата на „белиот спорт“. 
Освојувачот на 14 Грен слем титули одлично го отвори мечот и рано дојде до брејк, а потоа со сигурна игра стекна предност во сетовите. Во вториот дел се играше порамноправно се до самиот финиш кога Ѓоковиќ направи нешто поголем притисок за 63-тата победа против француските тенисери од кои има само два порази во последните 65 меча. Негов следен противник е победникот од дуелот Чекинато-Чунг.