Loading Video...
Тенис
23. November 2020 - 18:19

Ѓоковиќ шеста година завршува на 1.место на АТП листата

Со финалето во Лондон, спуштена е завесата на овогодинешната тениска сезона
 
 
Иако на завршниот Мастерс во Лондон беше елиминиран во полуфиналето, сепак, Новак Ѓоковиќ 2020-тата година ќе ја заврши на првата позиција на АТП ранг листата. 
 
Со тоа српскиот тенисер ми се приклучи на легендарниот Американец, Пит Сампрас како единствените кои успеале шест сезони во низа да завршат како прворангирани
 
Зад Ѓоковиќ годината ја завршува неговиот лут ривал Рафаел Надал, а по Шпанецот следува Австриецот, Доминик Тим кој во финалниот меч во Лондон загуби во три сета од Русинот, Данил Медведев.
 
Во „ТОП-10“ листата на крајот на тениската сезона се и Роџер Федерер кој сезонава одигра многу мал број на мечеви, пан заврши како пето рангира, а по Швајцарецот следуваат: Зверев, Циципас, Рубљев, Шварцман и Беретини.