Тенис
10. February 2021 - 10:47

Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Австралија опен

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ рано утрово го совлада Франсис Тиафо од САД со 3-1, по сетови 6:3, 6:7 (3:7), 7:6 (7:2) и 6:3 и се пласира во 3.коло на Грен слемот Австралија опен.

Мечот траеше нешто повеќе од три и пол часа.

Во следното коло, Србинот ќе се соочи со победникот во мечот Реили Опелка (САД) – Тејлор Фриц (САД).

Ѓоковиќ го брани трофејот на Австралија опен.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 55,2 милиони долари.