Loading Video...
Тенис
16. January 2022 - 18:42

Ѓоковиќ нема да игра на Австралија Опен - шанса за Надал да избие на врвот на вечната листа

Сагата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во Австралија заврши, a тоа пак ќе биде шанса за Рафаел Надал за исбие сам на вечната листа на најтрофејни тенисери
 
Деветкратниот шампион на Австралија Опен и топ фаворит на годинашното издание кои стартува ноќеска нема да може да го брани трофејот односно да атакува на рекорден десети. 
 
Ваквата одлука на австралиските власти наиде на осуди пред се од тенискиот свет, па конечно се огласи и Асоцијацијата на тениски професионалци која порача дека наиграњето на Ѓоковиќ  во Мелбуирн е пред се голема загуба за турнирот, но и љубителите на овој спорт воопшто. 
 
Меѓу бројните негови колени и подржувачи, најгласен изминатиот период беше контраверзниот Ник Киргијос кој повеќепати нагласи дека Ѓоковиќ мора да настапи оа отвореното првенство на Австралија, и да добие шанса да ја потврди својата доминација.
 
Турниот во Мелбурн беше првата можност за Србинот да стане неприкосновен на историската листа, односно да стигне до 21-от трофеј од Гренд смел турнирите.
 
Сега таа шанса ќе ја има Шпанецот, Рафаел Надал кој останува едеинствениот од „големата тројка“ тенисери кои имаат освоено по 20 грен слем трофеи, бидејќи покрај Ѓоковиќ на Австралија Опен нема да настапи и Швајцарецот, Роџер Федерер.