Тенис
18. January 2016 - 12:45

Ѓоковиќ: На сите тенисери им се нуди „шанса“?!

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Мелбурн ги прокоментира гласините дека врвни тенисери местеле мечеви дури и на најсилните натпревари. 

Според него тенисот е чист спорт и лично не верува дека тие гласини се точни особено што се работи за поголем дел неактивни тенисери.  „Се што се тврди треба да се докаже“-смета најдобриот светски тенисер кој раскажа дека пред 6-7 години му биле нудени индиректно 200 000 долари да загуби во првото коло на турнирот во С. Петерсбург но одбил. 
„ За мене е тоа криминал. Јас сум одгледан и работам опкружен со луѓе кои ги ценат спортските вредности. За среќа никој директно не ме вклучил во тие работи во последните 6-7 години иако за некои луѓе тоа е шанса “- изјави Ѓоковиќ кој го мина првото коло на АО.