Тенис
21. November 2019 - 15:19

Ѓоковиќ ја однесе Србија во четвртфиналето на Дејвис Купот

Во Мадрид се игра завршницата на Дејвисовиот тениски куп 
 
Денеска на програмата три дуели во групната фаза.  Во првата „А“ група Србија веќе ја оствари и втората победа. Крајиновиќ и Ѓоковиќ ги добија дуелите во сингл против Цонга и Паире, па и пред мечот во двојки ја одведоа својата селекција во четвртфиналето каде за противници ќе ги имаат Русите. 
 
Подобриот од оваа двојка во полуфиналето ќе се сретне со подобрите од вториот четвртфиналет пар кој го сочинуваат Австралија и Канада 
 
Место меѓу осумте најдобри обезбеди и домаќинот Шпанија, а голема битка за преостанатите три места водат Велика Британија и Казахстан во групата Е, односно Германија и Чиле во Ц  група