Тенис
16. August 2019 - 8:54

Ѓоковиќ избори четвртфинале во Синсинати

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во наредната фаза на Мастерс-турнирот во Синсинати, САД.

Првиот носител на турнирот во осминафиналето беше подобар од шпанскиот ас Пабло Карено-Буста, кого го совлада со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Ѓоковиќ до победата дојде за час и пол, благодарение на два брејка. Првиот падна за 4-2, додека вториот беше во вториот сет, за 2-1.

Во наредната рунда Новак Ѓоковиќ ќе игра со Лукас Пуј, кој претходно го елиминира Качанов.

Покрај дуелот Ѓоковиќ - Пуј, во четвртфиналето се играат натпреварите Рубљев - Медведев, Баутиста-Агут - Гаске и Нишиока - Гофан.