Loading Video...
Тенис
10. јуни 2019 - 16:11

Ѓоковиќ и натаму лидер на АТП листата

Вообичаено во понеделниците се објавуваат новите тениски ранг листи
 
Србинот Новак Ѓоковиќ кој настапот на Роланд Гарос го заврши во полуфиналето и натаму  лидер на АТП листата. Тој воедно ја зголеми и предноста во однос на Рафаел Надал кој победи отвореното првенство на Франција.
 
Зад нив се Роџер Федерер, Доминик Тием финалистот од Париз, а во ТОП 10 сега се и Карен Качанов и Фабио Фоњини, кои ги потиснаа зад себе Џон Иснер на 11-тото и Хуан Мартин дел Потро на 12-тото место.
 
Инаку Ѓоковиќ полека се доближува до рекордот на Федерер кога се во прашање неделите поминати на првата позиција на АТП листата. За српскиот тенисер ова е веќе 255-та седмица која за започнува на првото место.