Loading Video...
Тенис
14. October 2018 - 18:24

Ѓоковиќ го освои мастерсот во Шангај

Нов трофеј за Новак Ѓоковиќ и тоа во Шангај каде во рамките на АТП Мастерсот го совлада младиот хрватски тенисер Борна Чориќ со 2-0 .

            Во меч во кој  Србинот доминираше  21-годишниот Чориќ успеа да освои вкупно 7 гема и да го признае 3-тиот пораз во дуелите со Новак Ѓоковиќ иако вечно ќе се сеќава на овој турнир каде успеа да го елиминира славниот Швајцарец Роже Федерер.

            За победникот Ѓоковиќ ова е 32-ра Мастерс титула со што се доближи на само една до рекордот на Рафаел Надал.

            Неговиот противник Борна Чориќ го играше своето прво Мастерс финале што ќе му донесе пласман на реккордното 13-то место на АТП листата и отворени врати да се искачи кон ТОП 10 најдобри светски тенисери.