Ракомет
9. April 2016 - 18:55

Ѓер и Букурешт во полуфиналето во женската ракометна Лига на шампиони

 
 
 Екипите на Ѓер и Букурешт  обезбедија пласман на завршниот Фајнал-фор турнир во женската ракометна Лига на шампиони. 
 
Унгарската екипа Ѓер и по втор пат во четвртфиналето беше подобра од Ференцварош тим кој во реваншот одигран попладнево го победи со 40:23. 
 
И ракометарките на Букурешт место на Фајнал-форот обезбедија со две победи над Ростов Дон, која на првиот меч на домашен терен го победија со 26:25, а денеска славеа и на гостувањето со 29:28.
 
Преостанатите два патника во полуфиналето ќе бидат познати утре откако македонскиот шампион ЖРК Вардар на гостувањето кај Лаврик реванш средбата од четвртфиналето ќе ја започне со предност од 14 гола остварена на првата средба во Скопје, која црвено-црните ја добија со 34-20. 
 
Во последниот меч актуелниот првак Будуќност е домаќин на романската екипа Баја Маре која на првата средба ја победи со 29-24. 
 
Средбата Ларвик – ЖРК Вардар ќе започне од 15 часот и 30 минути, а Будуќност и Баја Маре ќе играат во терминот од 19 часот.