Македонија
17. October 2017 - 12:30

Ги познава ли некој: МВР бара помош од граѓаните да се пронајдат овие насилници од Собрание

Заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство –Скопје, а во врска со кривично правниот настан од 27.04.2017 година случен во Собранието на Република Македонија, по претходно одобрение од Јавниот обвинител се врши јавна објава на фотографии за три лица кои што се важни за постапката.

За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице,, на официјалниот сајт на МВР или да пријават во Јавно обвинителство