Loading Video...
Свет
18. September 2020 - 19:47

Ги дава ли шведскиот модел првите резултати од уникатното справување со коронакризата?

Ги дава ли шведскиот модел првите резултати од уникатното справување со коронакризата? Иако во врвот по починати случаи по глава на жител, Шведска одлично се справува со вториот бран и моментално бележи мал пораст на нови случаи на Ковид 19 во споредба со остатокот од Европа.

На препорака на главниот епидемиолог во земјата Андерс Тагнел, Шведска реши да не воведува карантин како во останатите земји. Во интервју за угледниот Фајненшл Тајмс, Тагнел тврди дека неговиот модел дава резултати на долг рок.

„Воведувањето карантин е како да сакате да убиете мува со чекан”, вели епидемиологот, кој е скептичен и кон политиката на носење на маски.

„Тоа е лесно решение, а јас сум против лесни решенија за комплексни проблеми”, посочува Тагнел. Неговиот пристап дава резултати и на економско поле, бидејќи Шведска во првата половина од годинава има значително помал пад на БДП од останатите европски земји.

И покрај ова, шведските демократи бараат оставка од Тагнел, обвинувајќи го за илјадниците починати во старечките домови.

Израел од денеска воведува тринеделен карантин поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус. Ограничувањата ќе важат за време на еврејската Нова година.

Министрите што гласаа за мерките стравуваат дека вирусот може да се прошири на големите семејни собири.

Училиштата и градинките се затворени од четвртокот, како и хотелите и трговските центри, а собирите се ограничени на најмногу десет лица во затворени простории и 20 лица на отворено.

Исклучително редок медитерански циклон денеска ги погоди островите во западна Грција, носејќи пороен дожд и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Бурата Јанос се движи кон исток, па се очекува овој викенд силни ветрови да го погодат Пелопонез, а потоа и Атина и Крит.

Во Грција е издадено предупредување од високо ниво. Метеоролозите очекуваат огромни количини дожд, поплави и ветрови со над 120 километри на час.