Loading Video...
Фудбал
21. April 2019 - 17:46

Гетафе ја надигра Севиља и изби на 4.место во Примера

 
 
Екипата на Гетафе забележа важна победа над Севиља во трка за четвртото место на табелата во шпанската Ла Лига, кое носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона.  
 
На мечот одигран попладнево, а во рамките од 33.коло на Примера, фудбалерите на Гетафе славеа над Севиља со 3:0. Стрелци на головите за мадридската екипа беа: Мата во 35.минута, Молина кој погоди на два пати во 49-тата и  53-тата минута
 
Со новите три бодови и вкупно 54, Гетафе сега го презеде четвртото место од Севиља која остана на 52 бодови.