Македонија
8. August 2022 - 16:37

Германски новинари згрозени до бесчуствителноста - Како дом на депортирани евреи стана културен центар на Ванчо Михајлов

Во својата репортажа за Македонија и патот кон ЕУ на националната германска телевизија ЗДФ, опфатен е бугарскиот културен центар во Битола. Германската телевизиска екипа дојде во Битола и снимаше со претседателот на клубот, Љупчо Ѓорѓиевски. Во прилогот, новинарката вели дека бугарското влијание во Македонија е претставено преку него и дека времето на фашизмот различно е прикажано во Македонија и Бугарија, а Ѓорѓиевски бил среќен што тој ја застапува бугарската страна. Во изјавата вели дека побарале помош од бугарската влада и тие застанале зад нив, а дека тука никој не ги слушнал. Во прилогот може да се види како на новинарката и ја покажува снимката од видеото надзорот при палењето на клубот.

-Ние побаравме помош од владата на Република Бугарија, тие се заложија за нас. Нас тука никој не не слушна, вели Љупчо Ѓорѓиевски,културен центар Иван Михајлов Битола.

Во поопширниот текст кој е објавен на веб страната на телевизијата, новинарката Брита Хилперт пишува:

„Куќата во Еврејскиот кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера. Прашувам, зарем не е бесчувствително културниот центар да му се посвети на Иван Михајлов, кој соработувал со нацистите?“

На прашањето Ѓорѓиевски одговорил:

„Соработката не е докажана, вели Љупчо Горгиевски (признатите историчари поинаку гледаат), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. „Треба да се сменат историските книги! вели тој.“

Ѓорѓиевски исто така изјавил дека неговите деца понекогаш доаѓале дома после училиште и плачеле затоа што Бугарите се прикажани како убијци на часовите.

За германската телевизија Ѓорѓиевски изјави дека сакаат да бидат вклучени во македонскиот устав. Исто така го коментираше опожарувањето на клубот дека можело да заврши лошо бидејќи во близина имало простор со гориво. За нас крај да рече дека оваа тема имала смртоносен потенцијал.