Свет
29. April 2020 - 8:49

Германија/Ковид-19: Лабораториите во државата ќе обработуваат неделно околу 700 илјади тестови

Лабораториите во Германија го зголемија својот  капацитет за обработка на тестови за новиот коронавирус за 700.000 неделно, соопшти  Асоцијацијата на акредитирани лаборатории.

Минатата недела, капацитетот на 116 лаборатории во земјава беше 640.000. Според асоцијацијата, минатата недела се извршени 292.000 тестовим а претходната – 268.000.

Во петокот, Институтот за инфективни болести Роберт Кох препорача проширено  тестирање за вирусот за да се опфатат сите лица со симптоми на респираторната болест, без разлика дали претходно имале контакт со пациент со Ковид-19.