-->
-->
Германија поуспешна од Австралија
-->
Светскиот првак Германија со победа го почна настапот на Купот на Конфедерациите што се одржува во Русија. На последниот натпревар од 1.коло во дуелот од Б групата во Сочи Германија ја совлада Австралија со 3:2.
Германија поведе со голот на Ларс Стиндл во 5.минута, а Томи Рогиќ изедначи на 1:1 во 41.минута. Радоста на Австралија траеше кусо бидејќи три минути подоцна Јулијан Дракслер од пенал донесе ново водство за Германија од 2:1. По три минути игра во вториот дел (48.минута) Германија водеше со 3:1 со голот на Леон Горецка. Томи Јуриќ во 56.минута го налами водство на 3:2 што на крајот беше и конечен резултат.
Во Б групата Чиле и Германија имаат по 3 бодови, а Австралија и Камерун се без бодови. Утре на ова натпреварување е слободен ден, а во среда се играат натпреварите од А групата од 2.коло: Русија – Португалија и Мексико – Нов Зеланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу