Loading Video...
Свет
30. јуни 2017 - 20:40

Германија одобри геј бракови, Меркел гласаше против

Хомосексуалните парови ќе можат да склучуваат брак и да посвојуваат деца одлучи со големо мнозинство германскиот парламент. Меѓу 226 пратеници кои гласаа против е и канцелраката Меркел. За мене бракот е заедница помеѓу маж и жена , но ќе ја почитувам одлуката истакна таа.

- Се надевам дека гласањето денес не само што ја промовира почитта меѓу различните мислења, туку исто така носи и поголема социјална кохезија и мир, изјави Меркел.

На истата седница, пратениците го изгласаа и законот за борба против говор на омрза и лажни вести на социјланите мрежи. Социјалните мрежи може да заработат казна и од 50 милиони евра кои систематски одбиваат да избришат содржини со говор на омрза, како и лажни вести.