Германија купува нов препарат со антитела за лекување од Ковид-19
Веќе неколку вакцини се произведоа против коронавирусот, но медикаменти за лекување на болните се уште се малку. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан закупил 200.000 дози од препарат, кој му помогнал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при инфицирањето со Ковид-19.
Германската Влада купи нов лек базиран на антитела, пишува „Тагесшау“.
– Од следната недела, Германија ќе стане првата земја во ЕУ, во која ќе се користи овој лек. Федералната Влада купи 200.000 дози за 400 милиони евра, што изнесува 2.000 евра за една доза, потврди Шпан.
Според информациите, со овој лек базиран на антитела, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се лекувал кога се заразил со коронавирус.
Антителата делуваат како пасивна вакцина. Инјектирањето на овие антитела може да помогне при спречување на тешки заболувања кај ризични пациенти во рана фаза. Весникот „Тагесшау“ потсетува дека на почетокот на октомври, Трамп бил третиран со коктелот REGN-COV2 на американската компанија „Регенерон“.
Активната состојка на REGN-COV2 е комбинација од две специјално развиени антитела, кои се врзуваат со т.н. „заразен“ протеин на коронавирусот и на тој начин можат да ја деформираат неговата структура. На тој начин може да се спречи коронавирусот да ги нападне човечките клетки и да се развива. Според „Регенерон“, комбинацијата на две различни антитела треба да спречи мутација на вирусот Sars-COV2.
Ново на Сител
-
Приведен 33 годишен дилер од Скопје
-
Бугарското обвинителство соопшти дека откриле група за купување гласови за изборите финансирана од земја надвор од ЕУ
-
Мицотакис: Целта е да стигнеме до безбеден Велигден и послободно лето
-
СДСМ: Мицкоски продолжува само со борбата за спас на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
949 новозаразени со коронавирус, 33 починати меѓу нив 25 годишен пациент
-
Пендаровски: Вакцинацијата да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението
-
Мицкоски: Заев на избори победува со нарко дилери и шверцери со мигранти, тоа е неговата војска
-
ДКСК: Оставката на Рашковски не влијае на работата по предметите