Свет
26. February 2016 - 13:15

Германија контра групата Г-20

Германија се противи на планот за фискална стимулација предложен од 20 финансиски најмоќни земји на светот, јави дописникот на МИА од Берлин. 

Пред средбата на Г-20 во Шангај, министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави дека веќе нема простор за монетарна политика и предупреди дека финансирањето на економски раст со нови долгови ги умртвува економиите.

- Понатамошните стимулации само ќе не дефокусираат од реалните проблеми, изјави Шојбле, кој бара економиите да прават забрзани реформи, противејќи се на планот на Г-20 за пакетот за фискална стимулација предложен од најразвиените земји на светот.

Шојбле со овие позиции директно се судира со политиката на САД, чиј секретар за Финансии Јакоб Лев пред средбата побара Г-20 да користи монетарна политика, фискални мерки и структурни реформи за да ја зголемат побарувачката.

Предходно, и Кина најави дека ќе го зголеми фискалниот дефицит.

Според Германија, ниската цена на нафтата веќе дала стимулација за поголема побарувачка, а зголемените фискални дефицити може да бидат вовед во нова финансиска криза.