Свет
21. May 2021 - 21:39

Германија ќе издвои дополнителни 100 милиони евра за КОВАКС и 30 милиони дози вакцини за сиромашните држави

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешниот Глобален здравствен самит Г-20 најави дека Берлин ќе издвои дополнителни 100 милиони евра за програмата КОВАКС и 30 милиони дози вакцини против Ковид-19 за сиромашните држави до крајот на годината.

– Сакаме да ја зајакнеме улогата на Светска здравствена организација, посочи Меркел.

Таа упати апел и до другите земји-членки на Европска Унија да го следат примерот на Германија и да ги донираат преостанатите вакцини против Ковид-19 на земјите кои немаат доволно вакцини.