Loading Video...
Кошарка
15. July 2019 - 19:01

Германија, Италија, Чешка и Грузија, домаќини на машкиот Евро-баскет 2021 година

Светската кошаркарска федерација ФИБА реши следното европско првенство за мажи закажано за 2021 година да се игра во четири земји.
 
Гермамнија која покрај групната фаза чии средби ќе се играат во Келн, ќе биде домаќин и на завршницата во Берлин. Дуели од групите ќе се играат и во Италија односно Милано, чешкиот главен град Прага и за прв пат во историјата Грузија односно Т’билиси ќе биде домаќин на дел од натпреварите на завршницата на Евробаскетот. 
 
Пласман ќе обезбедат 24 репрезентации, а квалификациите ќе започнат во февруари следната година. 
 
Домаќини на женскиот Евробаскет 2021-ва ќе бидат Шпанија и Франција. Натпреварите во групната фаза како и четвртфиналните мечеви ќе се играат во Лион и Валенсија, додека домаќин на полуфиналните дуели и натпреварите за медал ќе биде Париз.