Свет
24. October 2015 - 18:37

Германија ги враќа одбиените баратели за азил

Германија од утрово  почна да ги депортира   мигрантите чии барања за азил се одбиени  кон нивните матични земји.Први кои ќе бидат вратени дома  се  мигрантите  од Албанија, Србија, Македонија и од Косово . Според проценките на дел од  германските медиуми над 200 000 луѓе ги чека прогон од Германија. 

Исламска држава подготвува напади во четири турски градови

Турскатата разузнавачка агенција предупреди дека Исламската  дражава подготвува  бомбашки напади во четири турски градови Истанбул,Анкара,  Измир и  Дијарбекир.  Од таму објаснуваат дека  нападите ке ги извршат четворица џихадисти  кои влегле во земјата со документи со лажни идентитети. Полицијата  ги објави во медиумите фотографиите на терористите и пасошите со лажните имиња и повика  сите кои  ќе ги забелажат да ја известат најблиската полициска станица.

Ураганот Патриса го погоди Мексико, нема извештаи за жртви

Моќниот ураган од петти степен, “Патриција”, што вчера  го погоди пацифичкиот брег на Мексико  предизвика помала штета очекуваното ијзви мексиканскиот претседател Енрике Пења Ниетто. Тој побара од населението да остане во прифатните центри уште некое  време  нагласувајќи дека безбедносните сили ќе патролираат за да ги заштитат нивните домови. Засега нема извештаи за жртви или повредени. Патриција  го погоди брегот со  силина на ветрот од  270  километри на час. 

Нови протести на црногорската опозиција, можни инциденти

Црногорската полиција соопшти дека планираниот за вечерва протест на опозицискиот Демократски фронт во Подгорица  е одобрен, но предупреди дека се можни инциденти.  Речиси еден месец  дел од црногорската опозиција, обединета  околу Демократскиот фронт бара оствака од премиерот Мило Ѓукановик и формирање преодна  влада која ќе спроведе демократски избори.  Ѓуканович и денеска  порача  дека нема да се повлече од премиерската функција.