Герасимовски: Нема отстапка за прекршителите на законите, Водно останува заштитено од уништување
Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, денес ја посети локацијата каде сопственици на земјиште на Водно кое се водело како земјоделско, почнале да го рамнат со намера на истото да градат. Градежните активности на оваа локација беа сопрени по брзата реакција на Општина Центар која веднаш спроведе инспекциски надзор со кој беше констатирано прекршување на законот по што беа изречени казни на сопственикот. Герасимовски денеска ги увери граѓаните близу оваа локација дека Водно повеќе нема да доживее ниту една злоупотреба.
„Предолго Водно беше насилно злоупотребувано и уништувано од ВМРО-ДПМНЕ. Штетите кои се досега направени се огромни и не смееме да дозволиме ниту една понатамошна злоупотреба. Мојот клучен фокус како градоначалник е да ги зајакнеме инспекциските служби но и соработката со граѓаните кои мора да алармираат за можни злоупотреби. Брзо и ефикасно постапување по пријавите како што тоа денес го направи Општина Центар мора да има за секое можно отстапување од плановите и дозволите за градба. Тоа е клучот до добра урбанизација и заштита на општината“ - истакна Герасимовски.
Во конкретниот случај извести Герасимовски се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации вели тој не е предвидена никаква градба ниту пак населба поради што сопственикот од општина Центар ќе добие и решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба.
Тој исто така порача дека уште во првата година од мандатот ќе направи целосна реорганизација на инспекциските служби и ќе го зголеми нивниот капацитет со цел ефикасна работа и брза реакција која е нужна за зголемување на довербата на граѓаните во општината. Герасимовски особено ја потенцира и важноста од навремената реакцијата на граѓаните кои се најблизу до случувањата при прекршувањето на законите.
СДСМ
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.