Македонија
23. April 2022 - 11:56

Георгиевски: Почнуваме сеопфатна акција во земјоделството, се реализира Националниот план за производство на храна

Владата предводена од СДСМ го донесе Националниот план за производство на храна, а институциоте работат посветено на неговото спроведување. Покрај зголемените субвенции, ставањето на располагање на илјадници хектари државно земјоделско змејиште под закуп, интервентниот фонд, активно тргнуваме во поход на развој модернизација!

Со буџет од 500.000.000 денари, започнуваме една огромна, сеопфатна акција за зеемјоделскиот сектор, со поддршка каква што немало досега, јавна, транспарентна и поддршка која е наменета за сите!

За прв пат во историјата на политиките за рурален развој, во еден ден објавени се пет јавни повици за финансиска поддршка со различна намена, но со една цел, а тоа е да постигнеме модерно, одржливо и исплатливо домашно производство на храна.

Предвидениот буџет за сите овие мерки изнесува 500.000.000 денари.

Почитувани жени земјоделки,

СДСМ е партија која се борела и ќе се бори за родова еднаквост и за ваше економско зајакнување. Еден од начините за таа заложба беше и мерката 115 од Програмата за рурален развој, специјално наменета за жени носителки на земјоделски стопанства, која е единствена од таков тип во регионот.

Јавниот повик за финансиска поддршка за жените од руралнкте средини е отворен и ги повикуваме сите жени, активни во земјоделството, да ја искористат оваа можност и да набават опрема, со која ќе ја остварат својата идеја за да ги пласираат на пазарот специјалитетите од разни преработки, пчеларски производи, сирења и други млечни производи, како што тоа го сторија 250 жени претходно.

Висината на грантовите по корисничка е 360.000 денари, што значи двојно зголемување на поддршката од порано.

Почитувани сточари,

Ве повикувам да ја искористите поддршката за изградба на мандри на бачилата. Нашето сирење е едно од најквалитетните и ова е одлична можност да добиете кофинансирање до 75% за опремување на мандри.

Истовремено, за сите кои се занимаваат со сточарство, отворена е можноста за добивање финансиска поддршка до 75% за набавка на силоси, за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот.

Модернизацијата значи држење на чекор со времето и со технологијата. Основен предуслов за ефикасно и одржливо производство е тракторот. Затоа, јавниот повик за поддршка за набавка на трактори е отворен, со посебен акцент на поледелското производство. За подобри и поголеми приноси кај пченицата, јачменот и другите поледелски и индустриски култури. Сите земјоделци кои одгледуваат поледелски и индустриски култури се добредојдени да аплицираат за добивање финансиска поддршка до 75% од вредноста на тракторот.

За сите тутунари,

За прв пат преку посебна мерка го помагаме тутунското производство да се развие, не само преку субвенции кои во последниве години достигнуваат рекорди во исплатата, туку преку кофинансирање на опрема за модернизирање на тутунопроизводството преку набавка на нови машини за расадување на тутун машини за нижење на тутун и за конструкции за сушење на тутунот.

Ги повикуваме сите земјоделци, да се придружат во оваа борба за домашно производство на храна, бидејќи тоа е патриотизам, тоа е одговорност кон државата.

Прес-конференција на Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста