Фудбал
5. August 2016 - 14:04

Гент противник на Шкендија во баражот за место во Лига Европа

 
Екипата на Гент е следниот противник на единствениот преостанат македонски тим на европската фудбалска сцена Шкендија.
 
Ова е исходот од  денешешната ждрепка во Нион, на која Шкеднија за протнивник го доби тимот на - кој ќе биде последната пречка за тетовската екипа за влез во групната фаза во Лига Европа. 
 
Гент во 3.коло од квалификациите за Лига Европа ја елиминира романската екипа Виторул Констанца и тоа со убедливата победа од 5-0 на домашен терен, додека во реваншот во Романија немаше голови. 
 
Екипата на Гент минатата сезона го освои петтото место во шампионатот на Белгија, а новата сезона ја започна со победа над Остенде со 2-1 пред домашната публика. Во својата клупска историја белгискиот тим има три шампионски титули (1998/99, 2001/02 и 2010/2011) како и четири трофеи во националниот куп последниот сезоната 2012/2013 (претходно 1997/98, 1999/2000 и 2008/2009). 
 
Првиот натпревар ќе се игра на 18 август на „Луминус Арена“ во Гент, додека реванш средбата на програмата е на 26 август на арената „Филип Втори’’ во Скопје. 
 
Останатите двојки ги сочинуваат: 
Гент – Шкендија 
Астана – Бате Борисов 
Митјиланд – Османлиспор
Локомотива Загреб – Генк 
Динамо Тбилиси – ПАОК
Беитар Ерусалим – Сент Етиејен
Марибор – Кабала 
Астра – Вест Хем 
Брондби - Панатинаикос 
Сондерјиске – Спарта Прага 
Гетеборг – Карабах, 
Арука – Олимпијакос 
Тренчин – Рапид Виена 
АЕК Ларнака – Либерец 
Австрија Виена – Розенборг 
Војводина – АЗ Алкмар 
Славија Прага – Андерлехт 
Фенербахче – Грасхоперс 
Краснодар – Партизани 
Бешпикташ – Шахтјор 
Сасуоло – Црвена Ѕвезда 
Макаби Тел Авив – Хајдук 
 
Победниците ќе обезбедат пласман во фазата по групи