Живот
3. May 2016 - 13:26

Геј канал прв ќе пренесува Евровизија во САД

Телевизиската станица „Лого“ која се декларира како „хомосексуална, бисексуална и трансродна“ прва ќе го пренесува изборот за песна на Евровизија во САД. 

Европската радиодифузна унија потпиша со „Лого“ од групата Виако, договор за пренос на натпреварот кој ќе се одржи на 14 мај во Стокхолм.

-Евровизијата сега е навистина светски феномен, и многу сме среќни што американските гледачи ќе можат да им се придружат на гледачите од цела Европа, Австралија и Азија, изјави еден од организаторите, Јон Ола Санд. 

Минатата година на тој избор победи Швеѓанецот Манс Зелмерлов.

Телевизијата „Лого“ е достапна во околу 50 милиони домакинства во САД.