Македонија
19. September 2020 - 11:36

ГАК Чаир ќе се грее на гас оваа зима

Систем со резервоар на компримиран гас инсталиран во Гинекологија Чаир. Од оваа зима болницата повеќе нема да биде загадувач. Поставени се и сончеци панели за греење на водата. Инвестицијата чини 17 милиони денари со ДДВ.

Во оваа болница инвестиравме многу во опрема а сега го решивме и греењето. Резервоарот е така направен да може да се приклучи и на системот со гасификација кога ќе се постави секаде, изјави Венко Филипче.

Во напредна фаза се решенијата за греење на болниците во Куманово и Струмица.

 

Мирјана Давидовска