-->
-->
Футсал: Македонија поразена од Казахстан
-->
Македонската репрезентација во футсал со пораз од Казахстан го започна квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Словенија.
Во рамките од 1.коло на Ф квалификациската група чии средби се играат во Алмати, македонската футсал селекција е поразена од домаќинот
Казахстан со 3:0.
Во првиот натпревар од ова група Чешка ја победи Данска со 5:4.
Токму Чешка ќе биде следниот противник на Македонија и тоа веќе утре во мечот од 2.коло кој ќе се играат во терминот од 11 часот и 30 минути.
Во последниот натпревар кој на програмата е во вторник од 13 часот, црвено-жолтите за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Данска.
Директен пласман на ЕП во Словенија догодина ќе обезбедат само првопласираните репрезентации од седумте групи, додека второ рангираните како и најдобро пласираната трета репрезентација од сите групи во септември ќе играат бараж натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море