-->
-->
Фудбал У-21: Македонија и Белорусија одиграа без победник
-->
Македонската фудбалска репрезентација до 21 години денеска во пријателски дуел против соодветната селекција на Белорусија одигра нерешено 1:1.
На натпревар кој се одигра на теренот „Петар Милошевски’’ кај тренинг центарот на ФФМ, гостите од Белорусија поведоа го голот на Павел Савитски постигнат во 44-та минута.
На почетокот на вториот дел црвено-жолтите стигнаа до израмнувањер. Се играше 48-минута, а по акцијата на Костадинов, на вистиското место се најде Кире Марковски, кој ги постави конечните Македонија – Белорусија 1:1
Покрај селекцијата до 20 години, претпладнето контролен меч одиграа и репрезентацијата до 18 години која со 2:0 го победи Азербејџан, а утре од 19 часот на арената „Филип Втори’’ пријателски меч против Иран ќе одигра и најдобрата (сениорска) репрезентација на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората