-->
-->
Фудбал У-21: Македонија домаќин на Шкотска
-->
Репрезентацијата на Македонија до 21 години вечерва на Национална арена „Филип Втори“ во Скопје ја пречекува Шкотска во последниот дуел од квалификациите за Европското фудбалско првенство во Полска.
Победа против Шкотска може да значи и пласман на евро-шампионатот, но услов за тоа е Исланд да не ја совлада Украина.
Доколку Исланѓаните освојат три бода, Македонија со победа би била втора и би се надевела на пласман во баражот, но тоа ќе зависи и од резултатите во другите осум групи, бидејќи само најдобрите четири второпласирани селекции одат во плеј-офот.
Сепак, македонскиот селектор Благоја Милевски изјави дека не сака да калкулира со останатите резултати, туку неговите избраници да одиграат како и досега и да го завршат овој успешен циклус со добра игра.
Двојки за последното 10.коло:
Македонија – Шкотска, ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА СИТЕЛ 3 ТВ
Исланд – Украина и
Северна Ирска – Франција.
Сите натпревари започнуваат од 18 часот и 45 минути
Група 3 – табелата: Исланд 18 бода, Македонија 18, Франција 17, Украина 11, Шкотска 8 и Северна Ирска 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација