Свет
14. December 2015 - 18:30

ФСБ дематира дека имало инцидент со турски брод во Црно Море

Граничната служба на руската федерална служба за безбедност (ФСБ) во Крим ја демантира информацијата на „Черноморнефтгаз“ за инцидент со турски брод.

- Немало никакви обиди да бидат запрени руските бродови или да им биде попречен патот, соопшти ФСБ, пренесува БТА.

Во соопштението се наведува дека турскиот брод го сменил курсот со цел безбедно да се размине со руските бродови.

Претходно,  „Черноморнефтгаз“ соопшти дека турски танкер ги прекршил морските инструкциии и следел руски бродови и реморкери.