Џет-Сет
15. јуни 2019 - 9:02

Фронтменот на Аеросмит шета 40 години помлада девојка: Стив ја опишува како љубовта на својот живот

Ен Престон блескаше во модерен слип фустан со интересни детали, додека Стив Тајлер беше во својот препознатлив стил, а двојката се држеше за раце и разменуваше нежни бакнежи, поради што многумина ги осудуваат.

Ен и Стивен практично се неразделни и тоа со години, а Стив неколку пати истакна дека таа е љубовта на неговиот живот.

Двојката се запозна во 2012 година, кога оваа 31-годишна девојка почна да работи како негов личен асистент.

Интересно е што Ејми е дури 11 години помлада од најстарата ќерка на Стив, Лив Тајлер, и е врсничка на неговата помлада ќерка Челси.