Балкан
19. September 2015 - 12:16

Фронтекс пресретна дрвен чамец со 200 илегални мигранти крај грчкиот остров Пилос

Дрвен чамец со илегални мигранти е пресретнат од брод на Европската агенција за гранична контрола (Фронтекс) во регионот на Пилос, Полуостров Пелепонес, во Јужна Грција.

Според првичните податоци во чамецот имало околу 200 илегални мигранти. 

Хеликоптер на грчките поморски сили успешно ги пренел повредените во болница во градот Каламата. Чамецот со останатите бегалци се очекува да пристигне во пристаништето во Каламата.