-->
-->
Франција сега е прва европска земја за барања за азил
-->
Франција за првпат од почетокот на мигрантската криза во 2015 година ја надмина Германија и стана прва европска земја за барателите на азил, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
– Франција од 20 октомври е прва европска земја за баратели на азил, иако опаѓа бројот на мигранти кои пристигнуваат во Европа, рече Кастанер.
Во екот на мигрантската криза, Франција имаше 80.075 барања за азил, а Германија 890.000.
Сега Франција има мала предност пред Германија. До 17 ноември биле поднесени 120.900 барања за азил во Франција, а 119.900 во Германија, соопштија извори блиски до француското Министерство за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Седум факти за незаконскиот долг од 400 илјади евра на ВМРО-ДПМНЕ
-
ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО
-
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен
-
Почнува расправата во грчкиот Парламент за буџетот за 2020 година
-
Една година од формирањето на војската на Косово
-
САД и Кина постигнаа трговски договор
-
Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба
-
Русија ги повика на дијалог спротивставените страни во Либија