Франција: Продолжува штрајкот, се очекува „тежок“ понеделник
Сообраќајните проблеми во Франција продолжуваат и денеска откакво вчера, во четвртиот ден од штрајкот на вработените во железницата, повеќето француски возови останаа во станиците.
Штрајкот на француските железници РАТП и париските железници СНЦФ, затвори 14 линии на метрото, со само две линии кои работат на автоматски возови без возачи.
Според француските медиуми, денеска се очекува да биде исклучително тешко.
СНЦФ ги советуваше корисниците да ги избегнуваат станиците денеска поради безбедносни причини и потенцијалот за голем метеж.
Сообраќајот на брзите метро линии во Париз, исто така, ќе биде нарушен бидејќи 10 од 16-те линии ќе останат затворени, објави француската радио станица Франс енфо.
СНЦФ и РАТП штрајкуваат околу реформите во пензискиот систем што ги објави францускиот претседател Емануел Макрон.
Железничките синдикати, кои веруваат дека реформата предложена од Макрон нуди послаби услови за пензија и присилува одредени категории да работат подолго, изјавија дека понеделник е клучен ден, но исто така подготвени се да го продолжат штрајкот до католички Божиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација