Loading Video...
Фудбал
16. August 2018 - 15:59

Франција нов лидер на ФИФА ранг листата, Македонија направи прогрес за едно место

 
Новиот светски шампион Франција е и нов лидер на фифината ранг листа објавена денеска. 
 
„Триколорите“ кои беа најдобри на рускиот Мундијал, направија скок од шест места за да се најдат на врвот. Затоа пак финалистот Хрватска скокна дури 16 места па сега „коцкестите“ се на четвртото место, зад Белгија, Бразил,
 
Прогрес има и Македонија, од една позиција, па сега црвено-жолтите се на 70-тото место. 
 
Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации Ерменија е на 100-то место, Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на дури 195-тот место.