Бизарно но вистинито
5. November 2015 - 18:14

Фотографија од две мртви змии ги збуни научниците а ќе ве збуни и вас

Изгледа дека двете змии умреле по меѓусебна борба, но не е јасно како мртва црната змија успеаала да се пробие низ телото на другата змија. Змиите се пронајдени во Австралија.
 
Геоф Мишел авторот на оваа фотографија изјавил како доста размислувал за оваа фотографија. Тој ги забележал овие две испревртени змии покрај една улица, и веднаш ги сликал.
 
На прашање како црната змија излегла од телото на другата змија, Мишел одговорил: Не мислам дека црната змија сама успеала да излезе. Мислам дека некој и помогнал да излезе.
 
Малку истражував и изгледа дека другиот вид на змија често јаде помали, односно како оваа црната, но никаде не сум видел една змија да излезе од друга, завршил Мишел.
 
Научниците од австралиската зоолошка исто така се многу изненадени.
 
Ова е стварно несекојдневно и необично, не можеме да замислиме дека црната змија влегла во другата змија жива и направила отвор за да излезе. Многу чудно, можеби од фотографијата се гледа дека кафената змија ја јаде црната но ни тоа неможеме да знаеме со сигурност, објавиле од зоолошката.