Спорт плус
3. July 2017 - 8:30

(ФОТО) Две злата и сребро за македонските каратисти на Светскиот куп во Умаг

Два златни и еден бронзен медал освоија младите македонски каратисти на светскио куп што се одржа во Умаг, Хрватска.

 
Тој во категорија на помлади сениори (У-21),  до 75 килограми, по победата во финалето со 4-2 над Италијанецот Лоренцо Пијетромарчи членот на  Макпетрол, Петар Заборски го освои златниот медал. 
 
 
Со злато се закити и Фаик Весели од Олимпик спорт во борби за јуниори, додека Маријана Димоска од Ронин го освои бронзениот медал во кати за У-21.
 
 
Според она што го најави ВКФ, место за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес-Аргентина во 2018 година обезбедува секој што ќе освои медал, така што тројцата македонски каратисти според критериумот на ВКФ обезбедија место за ОИ за млади во Аргентина.