Loading Video...
Ф1
1. April 2020 - 15:30

Формула 1 првенството ќе се одржи, но кога ќе почне не се знае!?

Вљубениците во мото-спортот особено оние во Формула 1 може да здивнат малку. 
 
Откако стартот на новата сезона 2020-та се пролонгира поради Корона вирусот и нејзиното одржување се доведе по прашање, стигнува информацијата дека првенството сепак ќе се одржи. 
 
Според најавите на раководните луѓе на тимовите ученици, најоптимистичка е онаа Матиј Биното шефот на Ферари, кој открива дека се преговара Формула 1 сезоната да се одржи без никакви промени, во целост и тоа на сите предвидени патеки. Но. Сепак тоа би значело и поместување на календарот, а не е исклучена можноста шампионатот да заврши во јануари или февруари идната  2021 година.
 
Затоа пак Кристијан Хорнер шефот на Ред Бул најавува дека мораториумот за почеток на шампионатот може да биде пролонгиран, односно како оптимистички датум за старт на првенството тој го спомнува  1 мај.
 
Воедно од Светскиот совет за мото-спортови донесена е одлука за официјалното одложување на новите технички правила од 2021 за 2022 година
 
Оттаму истакнуваат дека на ФИА и е дадена потполна слобода да решава за промените во натпреварувачкиот календар, без да мора да се консултира со тимовите. Ова е особено важно сезоната годинава, но и наредната а првите осум трки веќе се одложени или откажени, така што за воспоставување нов календар на ФИА ќе ѝ треба потполна слобода.