Македонија
11. February 2016 - 17:44

Фирмите на фамилијата на Заев за 10 години направиле обрт од над 200 милиони евра

Разобличена шемата на кланот Заеви. Во вчерашното интервју на Сител, одговорниот уредник на телевизијата Драган Павловиќ Латас, го соочи лидерот на СДСМ Зоран Заев со милионските суми кои се свртеле во фирмите на Заеви.

Фирма “ЕЛЕНИЦА“ која е во сопстеност  Трајче Заев за 2 години свртела 4,2 милиони евра, за истиот период фирмата “TРГОПРОДУКТ“  на Катерина Заева заработила 15,3 милиони евра.

“ ЗОВИ-ПРОМЕТ“ на Панче Заев 0,35 милиони евра

“ЈАВОР ШПЕД“ на партнерот на Заеви, Симеон Крстев 0,47 милиони евра

“ ПЕОН“ на Катерина Б. Заева 0,92 милиони евра

 “АД ПЕЛАГОНИЈА“ на Трајче Заев 0,90 милиони евра

“ФРЕНКИ“ на Трајче Заев 7,9 милиони евра

“ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК“ Катерина Б. Заева и Вице Заев 0,56 милиони евра

“ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ“ Вице Заев и Горан Крстев 0,036 милиони евра

“ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев 1,16 милиони евра

“САРА ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев и Горан Крстев 5 милиони евра

“САРА Јавор“ на Вице Заев и Горан Крстев 4,2 милиони евра

“ОМНИ ГРАДБА“ на Трајче Заев 0, 38 милиони евра

И  “ЈОВОР ТРАНС“ Горан Крстев 2,1 милион евра

Вкупно за само 2 години фирмите на Заеви свртеле неверојатни 43,5 милиони евра. Овие податоци се официјални, од извештаите кои фирмите ги поднеле до УЈП.  Доколку се анализираат последните 10 години откако ВМРО- ДПМНЕ е на власт, Заеви заработиле над 200 милиони евра.

Лидерот на СДСМ во вчерашното интервју тврдеше дека пред тој да влезе во политика неговото семејство се заниавало со земјоделие, но не објасни како за само 10 години Заеви заработиле волку пари.

Останува нејасно зошто Заев ги негираше милионските цифри кои се инкасирале во касата на фирмите на неговото сеејство, кога овие приходи се официјално пријавени од