Тенис
29. April 2016 - 15:04

Финале без загубен сет за Ѓорческа во Маниса

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Маниса откако денеска во полуфиналето ја победи Наташа Брендл од Австрија со 2:0 во сетови.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6-0, а во вториот беше 6-3. Нашата тенсиерка освои 57 поени, наспроти 32 на ривалката. Ѓорческа имаше 50 % искористеност на брејк топките 5/10, а Брендл немаше ниту една. Мечот траеше 50 минути.
Ѓорческа сите четири меча до финалето ги доби со 2:0 во сетови.
Во финале ривалка ќе и биде Алона Фомина (874.место на ВТА) од Украина која со 2:0 ја победи Мејерс од Австралија. Во меѓусебните мечеви со Фомина Ѓорческа води со 1-0. Победи лани на меч во Анталија.
Ѓорческа е прва носителка на турнирот.