Филмска полициска бркотница и пукање вчера во Скопје, осуденици со Ренџ Ровер завршија во ендек
Лишени од слобода двајца криминалци, се обиделе да избегаат од полициска патрола
„На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода. Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.
Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.“, стои во полицискиот билтен.
Ново на Сител
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
-

Македонскиот документарен филм ,,Приказната за Силјан‘‘ освои награда за најдобар филм и најдобра камера
