Филмска кражба во Тетово: Им влегле на спиење а потоа ги врзале и ограбиле
Утрово околу 03 часот 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во куќата сопственост на лицето 69- годишниот Р.И на улица Мирче Ацев број 58 од страна на непознати лица извршено е кривично дело Разбојништво.
Според првичните сознанија, околу 03,00 часот додека домашните спиеле од страна на непознати сторители кои носеле маски на главата со употреба на тврд предмет и физичка сила е влезено во куќата. Имено откако од еден од сторителите била откорната рамката на прозорот од купатилото во приземјето тој влегол внатре и потоа ја отворил влезната врата по што внатре влегле другите тројцата сторители . Во тој момент се разбудил сопственикот на куќата и кога излегол во ходникот ги затекнал четирите лица со црни фантомки на главата со ракавици на рацете и двајца од нив ги удриле Р.И. и неговата сопруга М.И. а потоа им ги врзале рацете и почнале да извршуваат пребарување.
На првиот кат ги врзале и неговиот син М.И. и снаа Р.И. и нивните две малолетни деца, и по пребарување одзамале поголема количина разновиден златен накит, поголема количина женски и машки часовници, 10.000 евра, мобилни телефони и возило “Ренџ Ровер“, при што според првични проценки се стекнале со противправна имотна корист од над 9.000.000 денари.
СВР Тетово во сосдејство со ЈО презема мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи