Македонија
21. October 2019 - 12:45

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со уште три престижни награди

Филмот „Господ постои, нејзиното име е  Петрунија” на Теона Стругар-Митевска изминатиот викенд се закити со уште три престижни награди.

На штотуку завршениот фестивал All About Freedom Festival ја доби главната награда за најдобар филм. Фестивалот се одвива во Гданск, Полска, и е поддржан од Европската комисија. Главната награда која ја освои Петрунија е парична во вредност од 7.000 евра. Полскиот дистрибутер на филмот Aurora films планира да ја почне дистрибуцијата во Полска на почетокот на следната година.

На Филмскиот фестивал во Тузла,о Босна и Херцеговина, „Петрунија” ја освои главната награда „Златната вила“ за најдобар филм.

Уште едно признание, овој пат за главната актерка, доаѓа од штотуку завршениот Македонски филмски фестивал во Торонто, каде Зорица Нушева ја освои наградата за најдобра женска улога.

Во октомври Петрунија патува дури на десет фестивали ширум светот, со што веќе се приближува на околу седумдесет фестивалски прикажувања досега, а продуцентите најавуваат дека според неверојатната есенската фестивалска побарувачка сигурно нема да застане на оваа извонредна бројка.

Филмот овој месец ќе гостува и на фестивали во Турција, Австралија, Холандија, Кина и Грција.

Филмот досега има освоено 25 награди.