Македонија
25. August 2021 - 18:29

Филипче: Сопругот и братот ја исполнија желбата на починатата пациентка за донирање на органите

Денес се изврши петтата трансплантација на срце и ми е мило што со овој чин е спасен човечки живот и е подобрен квалитетот на живот на двајца други пациенти, изјави попладнево министерот за здравство, Венко Филипче за органите донирани од 42-годишна пациентка.

Тој упати голема благодарност до семејството на починатата пациентка, која за жал имала спонтано крварење во главата и мозокот и практично била прогласена мозочна смрт.

-Сопругот и братот ја исполнија нејзината волја, која ја искажала за време на животот, за донирање на органите, информира Филипче.

Трансплантацијата на срце е направена кај пациент кој подолго време бил на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои одат на дијализа.