Македонија
13. јуни 2020 - 14:57

Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката

Родилката која беше во Гинеколшко-акушерската клиника, потоа во болницата „Ремедика“, понатаму примена на Инфективната клиника во Скопје и на свое барање согласно состојбата која што тоа го дозволила во лесна состојба таа заминала на домашно лекување. На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 денови и ќе се вратат на работа и клиниката функционира добро и работата не е компромитирана, рече министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за овој случај.

На уште едно новинарско прашање како ќе се пополни новото болничко крило на струмичката болница со медицински кадар, министерот Филипче истакна дека во изминатите три години многу е направено за здравствениот систем, суштински работи и промени кои не биле направени и повеќе од 20 години, а тоа е вистинска инвестиција во здравствениот кадар и стимулирање на лекарите и медицинските сестри, но и младите лекари иднината да ја бараат тука, во земјата.

-Анкетите кои ги правиме со студентите на последнаа година на студии се многу поразлични од порано. Над 30 до 40 проценти сакаа да заминат до земјава, а сега тој процент е многу помал. Зошто? На секој млад лекар му дозволивме со платен стаж да остане тука и да го добие работното место. Прво во здравствен дом каде ќе работи со поискусните,постари колеги, во итната медицинска служба, патронажните сервиси, пунктовите за имунизација и оттука да почне специјализацијата. На тој начин со повеќе од пет илјади изадени согласности се вработија огромен број лекари и медицински сестри и значајно се зајакна капацитетот на апсолутно секоја јавна здравствена установа. Паралелно на тоа инвестиција во инфраструктурата и во опремата, мислам дека во над 40 јавно здравствени установи значи многу. Да се стимулираат младите лекари да останат овде, во земјата, а пациентите да знаат дека секогаш може да сметаат на подготвеноста на нашиот здравствн систем. Паралелно на тоа свесни дека затекнавме систем во кој што има недостаок на лекари, дозволивме со законски измени да има ротација на здравствениот персонал, одговори министерот за здравство.

Дополни дека од еден здравствен дом или болница во друга може лекар да доаѓа, медицинска сестра, да даде здравствена услуга и да ја доближи до граѓаните да не мора да патуваат.Филипче рече дека тоа функционира и тука во регионот, од струмичката болница и кон неа во другите болници и тој систем одлично функционира на територијата на цела држава.