Македонија
7. July 2021 - 12:51

Филипче: Пандемијата може да трае до 2024 година, но тоа не значи дека треба да живееме затворени

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција кажа дека постојат предвидувања дека пандемијата може да трае до 2024 година.

- Во иднина ние не знаеме дали ќе има нова и нова мутација на вирусот што ќе предизвика нови бранови што значи дека оваа пандемија може да трае и повеќе години. Некои предвидувања се дека пандемијата ќе трае до 2024 година, дека ќе премине во ендемска форма но тоа не значи дека треба да живееме затворени. Ова значи дека што поголем број на граѓани треба и мора да се вакцинираат. Така ќе се заштитат себеси, така и да е присутен вирусот и да дојде некоја нова мутација веројатно ако се заразат ќе имаат лесна форма на болеста, веројатно форма на некаква настинка, изјави Филипче.