Македонија
20. March 2021 - 17:27

Филипче: Обезбедуваме болнички кревети и кадар, граѓаните да ги почитуваат мерките

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево имаше работен состанок со директорите од клиниките при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

На состанокот, соопшти Министерството за здравство, се разговараше за моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.

Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето клиники стануваат ковид – центри продожува да се одвива редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања. Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни. Министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, посочуваат од Министерството.

-Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, порачува министерот Филипче.